Импресии
02 септември 2006Далечна си таму, во светлината молчиш,Tags: поезија, импресии, милан, јаковчевски, живот.
и солзи од стакло мои везден толчиш.
Дали срце имаш, или камен студен
та веднаш ме заведе како демон суден?
Те преколнувам, кажи и немој да криеш
не сакам тајни наоколу да виеш...
зар не гледаш дека од љубов ах, горам
за среќи и таги со тебе дур зборам?
И битки пак водам со самиот себе
волк во јагнешко руво - јас сум до тебе.
Светоста твоја чинам слепа е и глува
знам: љубовта твоја љубоморно ја чува.
Не знам. Ме сакаш, ил’ во лаги тонам
штом во ноќиве будни усни твои сонам?
Кажи ми веќе, не можам јас вака...
Што да чинам? Да бегам? Да ти подадам рака?






